766
Додека се пребројуваа присутните пратеници на денешната закажана седница за гласање на довербата на Владата спикерот Талат Џафери кажа:
„Се надевам дека нема да добија кривична пријава за биолошки тероризам, свесни сме дека е потребно онлајн седница“.
Меѓу пратеници има двајца од опозицијата кои се во изолација.Имено, се работи за координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелинка Петкова кои во скафандери пристигнаа во Собранието.
Воедно во Собранието на Република Македонија денеска ја констатираше оставката на Игор Кузевски заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци .