Пратеникот и лидерот на Левица Димитар Апасиев за време на денешната собраниска седница на која се гласа доверба на Влада, на Фејсбук дека еден пратеник е „киднапиран“.
„Јако еј! КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!?“, напиша Апасиев.
Кастриот Реџепи од БЕСА недостига од новото мнозинство.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно се иззема од водењето на седницата.
Според информациите, Реџепи е недостапен на неговиот мобилен телефон и не се знае каде е тој во моментов.