787
Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири преку својот Фејсбук профил реагираше на последните случувања во Собранието.
Тој напиша „Game change“ или со превод „промена на играта“.
Седницата за прашањето за доверба на Владата е повторно прекината за еден час.На барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, седницата за прашањето за доверба на Владата беше повторно прекината за еден час.
Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако денеска во Собранието не дојде пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.