Џерард и официјално ја презеде Астон Вила

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Стивен Џерард се враќа во Премиер лигата. Но како менаџер на Астон Вила, којa во четвртокот го потврди она за што се пишуваше претходните денови.

Потсетувајќи дека минатата сезона со Ренџерс беше шампион на Шкотска без загубен натпревар во лигата, Астон Вила го претстави својот нов менаџер како некој кој сака атрактивен и напаѓачки стил на фудбал.

„Астон Вила е клуб со богата историја и традиција во англискиот фудбал и јас сум исклучително горд што станав тренер на ваков клуб. Во разговорите што ги имав со сопствениците и Бордот, ми беше јасно дека клубот има големи амбиции и планови и дека тоа е клубот во кој сакам да работам и на кого сакам да му помогнам да се остварат плановите.

Би сакал искрено да им се заблагодарам на сите во Ренџерс за можноста да водам таков клуб. Секогаш ќе биде посебна сезона за мене во која стигнавме до рекордната 55. шампионска титула. На играчите и на сите во клубот им посакувам се најдобро во иднина“, изјави Стивен Џерард во својата прва изјава.

„Управниот одбор на Астон Вила е воодушевен од доаѓањето на Стивен. Откако ја замени својата одлична играчка кариера со тренерска, Стивен најпрво водеше и развиваше млади таленти на Академијата на Ливерпул, што е искуство што ние во клубот многу го цениме.

Она што следеше беше многу храбра одлука да се тестира и да се стави под голем притисок во интензивниот „Олд Фирм“. Неговите успеси во шкотската Премиер лига го привлекоа вниманието на сите, вклучително и нас, како и неговото искуство од еврокуповите.

Во текот на нашите разговори беше сосема јасно дека филозофијата и амбициите на Стивен се совпаднаа со желбите на Астон Вила. Многу сме возбудени што прифати да не однесе во следната фаза од нашиот амбициозен план во кој се стремиме од 2018 година“, изјави извршниот директор Кристијан Перслоу.

Слични содржини