Се бара глас за кворум: Џафери порача дека нема тој да прави мнозинство

од Берта Китинска
546 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на Влада повикувајќи о потпретседателот на Собраниете, Фадиљ Зендели да го преземе раководењето со седницата.

-Не можам јас да ви правам кворум, рече Џафери и ја прекина седницата.

Инаку во салата беа присутни 61 пратеник вклучувајќи го и Џафери.

На барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, седницата за прашањето за доверба на Владата беше повторно прекината за еден час.

Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако денеска во Собранието не дојде пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.

Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61, според членот 95 од парламентарниот Деловник. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.

Деловникот предвидува дека координатор или заменик-координатор на пратеничка група во текот на денот може само еднаш да побара прекин на седницата во траење од еден час.

Слични содржини