Првиот вицепремиер Артан Груби денес изјави дека во моментов, во Собранието има две линии, една која води кон запад и друга која носи кон изолација.
Тој демантира дека некој му се заканувал на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи.
-Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД, ми беше колега во Холандската амбасада, сме работеле заедно. Неговото срце спие во Вашингтон и Брисел, изјави Груби за Лајм ТВ.
Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека пратеникот на Беса, наводно се наоѓа во Бугарија.
-Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на ФБ во Бугарија. Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и тој, напиша Милошоски на Фејсбук и објави фотографија на која се гледа дека Реџепи, наводно, се најавил на Фејсбук од Бугарија.