Димитров: Не излезе онака како што планираа, сега ќе биде добро да се фокусираме кон градење

од Берта Китинска
345 прегледи

Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето гостување на ТВ21.

-Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со дипломати. Ќе биде убаво следниот период да се фокусираме кон градењето, а не кон рушењето. Имаме пандемија, ситуацијата во регионот е загрижувачка, и мислам дека треба решителни одлуки, рече Димитров.

Слични содржини