На 11.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, со престој во Скопје.
Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на подрачје на Чаир одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот.
За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка.