Борисов: ЕУ ќе не понижи да ја пуштиме С.Македонија поради неуспешната надворешна политика на Радев

од Берта Китинска
1,9K прегледи

„ЕУ ќе не понижи да ја пуштиме С.Македонија поради неуспешната надворешна политика на Радев, зарем не гледате што вели Макрон – до декември Скопје мора да започне преговори, ЕУ ќе не принуди да отстапиме, а тоа ќе биде поради Радев! Румен Радев е големата штета на државата. Ги подели партиите и сега тие се и анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Борисов“.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ и екс премиер на Бугарија, Бојко Борисов во студиото на „Здраво Бугарија!“ на Нова ТВ.

„Ако погледнеме кој е најдобро подготвен во вакви кризи, тоа сум јас. Но, на мое големо жалење, и Румен Радев и јас – еден дел од Бугарите не не сака нас, а другиот – него. Двајца силни и искусни луѓе во кризата можеа подобро“, објасни Борисов.

Слични содржини