555
АКО постојано имате чувство дека сте уморни, јадете рен.
Овој зачинет корен има моќ да го прочисти телото од токсини и да го забрза метаболизмот, поради што оние кои редовно го користат во исхраната се чувствуваат поздрави и поенергични.
Застапниците на народната медицина го препорачуваат ренот како лек за зајакнување на имунитетот и против кашлица, бронхитис, астма и ревматизам.
Се користи и против затнувањето на крвните садови, бидејќи го забрзува протокот на крв, го подобрува варењето, а високо е ценет како антисептик и диуретик.
Исто така, често се користи за отстранување на камења и песок од бубрезите.