Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со порака за успех и работа во интерес на граѓаните им го честиташе почетокот на работата на новите советници во општинскиот Совет.
На денешната прва конститутивна седница, имаше три точки за работа на дневниот ред: избор на претседател и на членови на Верификационата комисија на Советот, усвојување на Извештајот на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот и избор на претседател.
Конститутивната седница ја водеше највозрасниот советник во Советот, Виолета Велковска од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која по верификувањето на мандатите на новите советници, ја прекина седницата, која ќе има продолжение во наредниот период, кога ќе треба да биде избран и претседателот на Советот на општината.
Во овој состав на Советот најмногу советници, 9, има СДСМ со коалицијата, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 8 советници и Левица и иницијативата „Шанса за Центар“ со по три советници.