Петровска: Мицкоски да му се извини на Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам“

од Nikola Popovski
432 прегледи

Во поглед на вчерашниот ден, опозицијата згреши поради тоа што по седми пат му веруваше на Мицкоски на набилданите изјави дека само што го нема 62-от пратеник, вели пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, се чувствува разочараност кај најголемата опозициска партија од сопствениот лидер затоа што не знаел и не се држел до зборот.

-Не можете да обвинувате за киднапирање и да се протолкуваат секакви зборови. Сакам да прашам дали после ова Мицкоски ќе понесе морална одговорност и срам и ќе му се извини на пратеникот Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам, лесна му земја“. Таква морбидна изјава од лидер на политичка партија не е дозволена. Пратеникот си најави дека ќе каже се во понеделник, потенцира Петровска.

Слични содржини