За Албанците сè уште е тешко да го голтнат ВМРО на Груевски, вели Гаши

од Берта Китинска
337 прегледи

Долго време ВМРО на Груевски се однесуваше многу лошо со Албанците и тоа остави тешки последици и таа цена ја плаќа и ова актуелно ВМРО, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат во врска со  соработката со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

„ Значи, не можеме да кажеме дека е сè нормално во перцепцијата на Албанците кон ВМРО. Ние како албанска коалиција мислам дека сме направиле многу добра работа за општата политичка сцена, се трудиме да ја нормализираме сцената, да не ги нарекуваме македонските политички партии, едната антиалбанска, а другата повеќе проалбанска, итн. Мислам дека тоа не ни оди во прилог, ни како Албанци, ниту како граѓани да се служиме со таков речник. Но, очигледно е дека за Албанците сè уште е тешко да го голтнат ВМРО на Груевски“, рече Гаши.