Официјалниот „Твитер“ профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи е вратен, откако вчера беше хакиран.
Од МНР велат дека освен неколку избришани твитови, не е забележана некаква посериозна злоупотреба.
Профилот беше преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети беа и сите информации, како и профилни фотографии. Инаку, вистинскиот Sheldon The Sniper е крипто трејдер и е дел од YouTube канал кој објавува содржина поврзана со крипто валути.
„Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица“, објави синоќа Османи.