Полска значително ќе ја зајакне границата со Белорусија до крајот на првата половина на следната година, изјави полскиот министер за полиција Мариуш Камински за радиото RMF FM.
„Сакаме оградата да биде подигната до крајот на првата половина на 2022 година. Тоа ќе биде објект, долг 180 километри, висок 5,5 метри. За неговата изградба ќе се користат современи решенија“, рече тој.
Како што додаде Камински, „по должината на реката Буг користиме различен тип на безбедносен систем“.
Според министерот, границата со Белорусија моментално ја чуваат 13.000 војници, 4.500 граничари и 2.000 полицајци.
„Постојано не провоцираат, но нашите служби се добро обучени“, вели Камински.
Тој рече дека „бегалскиот камп се зголемува и е под контрола на белоруските служби кои го испорачуваат потребниот материјал“.
Заменик-директорот на граничниот комитет на Белорусија, Игор Буткевич, ги информираше новинарите дека на границата со Полска има околу 2.000 мигранти од различни националности. Тој нагласи дека бегалците живеат во тешки услови и дека белоруската страна им пружа помош: носат дрва, вода и друг вид хуманитарна помош.