Согласно последниот ковид-пресек, во земјава починале 7 граѓани од коронавирус, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје Скопје.
Црниот биланс покажува 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.