Таравари ги донираше буџетските пари наменети за новогодишното украсување на Гостивар

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари одлучи оваа година да не биде украсен градот за новогодишните празници и парите да ги пренамени за Центарот за аутизам.

-Со гордост можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишнитр празници, јас и мојот тим планираме да ги донираме во Центарот за аутизам што се гради во градот.

Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам, објави Таравари на својот Фејсбук профил.

Пред само неколку дена, и од градот Скопје објавија дека ќе го раскинат договорот за украсување.

-Во два дена наидовме на многу предизвици во градска каза. Поентата е да ги пренамениме проектите со ненаменски трошоци, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за тоа зошто градот го раскинал договорот за новогодишното украсување, потпишан во септември од страна на нејзиниот претходник, Петре Шилегов.

Според неа, во однос на ова прашање треба да се слушаат граѓаните.

-Вчера имаше големи реакции и граѓаните сметаат дека трошоците за украсувањето се непотребни. Неопходни се сите чекори за справување на кризата. Треба да почнеме со штедење на средствата, порача Арсовска.

Раскинатиот договор предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици.

Слични содржини