Репрезентацијата на Франција синоќа обезбеди пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година, каде ќе ја брани титулата од Русија освоена со победа против Хрватска во финалето.
На „Паркот на Принцовите“, Французите го совладаа Казахстан со 8-0, но тоа не беше најубедливата победа во овие квалификации, бидејќи Германците во четвртокот против Лихтенштајн постигнаа дури девет гола.
Особено се прослави Килијан Мбапе со четири гола. Првите три ги постигна во 6., 12. и 32. минута, а откако постигна два и Бензема, а од пенал му се придружија Рабиот и Гризман. Во 87. минута по четврти пат погоди за конечни 8:0. .
Тоа беше првиот „хет-трик“ за Мбапе за националниот тим. Ниту еден Французин нема постигнато три гола во натпреварувачки натпревар за триколорите од Доминик Рошето во октомври 1985 година. Последен пат Франција имаше четирикратен стрелец во легендарниот Жист Фонтен, кој успеа против Западна Германија во мечот за третото место на Светското првенство во 1958 година, каде постигна рекордни 13 гола.
Коло пред крајот на квалификациите Франција има 15 бода, недостижни четири повеќе од второпласираната Финска и директно се пласираше на Светското првенство во Катар.