Уште 285 граѓани се позитивни на Ковид-19

од Nikola Popovski
335 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека, според направени 2.667 тестирања, регистрирани се 285 нови случаи на коронавирус.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 110, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Кавадараци – 26, Штип – 25, Битола – 24, Куманово – 22, Кочани – 21, Велес – 18, Неготино – 12, Прилеп и Берово – по 8, Делчево – 7, Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Демир Хисар и Радовиш – по 4, Кичево – 3, Ресен и Охрид – по 2, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини