ДУИ победи во Дебар, Дука освои втор мандат

од Nikola Popovski
529 прегледи

ДУИ и нејзиниот кандидат за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука прогласија победа после гласањето во вториот круг од локалните избори.

-Голема победа во Дебар, заслужена и праведна, напиша на фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Победата ја честиташе и министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши кој објави фотографија заедно со актуелниот градоначалник и со дел од симпатизерите на партијата.

Дука го победи Беким Поцеста од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Во споредба со првиот круг, денеска имаше зголемување на бројот на избирачи кои излегле на гласање и тоа за над 400, бидејќи во првиот круг гласале вкупно 8.090 избирачи или 42 отсто.

 

Слични содржини