Три причини зошто сте понервозни наутро

од Vladimir Zorba
458 прегледи

Не е ненормално ако се чувствувате вознемирени наутро и сте понапнати.

Ова може да се должи на претстојните презентации на работа, важен состанок, брзање….

Но, ако ова е повеќе од „повремено“, можеби е време да ги дознаете причините.

Без разлика дали се борите со општо анксиозно растројство или сте напнати, секогаш има што да направите околу тоа.

Еве неколку причини да бидете вознемирени и напнати наутро:

Високо ниво на кортизол

Дел од анксиозноста може да се должи на кортизолот, кој е поголем кога ќе се разбудите. Ова е делот од мозокот кој се „полни“ додека не буди од сон. И иако тоа е „совршено нормално“, може да биде предизвик да останете смирени ако имате напорен ден.

Сонот

Деноноќниот ритам може да игра огромна улога во анксиозноста, како и кај симптомите на паника. Некои луѓе паничат наутро и попладне. Ова може да се должи на деноноќното зголемување на кортизолот и можеби други предупредувачки хормони.

Одговорот на стрес „бори се или бегај“ се ослободува ноќе додека спиете, но може да се појави и во текот на денот ако не успеете да се одморите доволно. Паниката сугерира дека има акумулиран моментум на стрес, кој се протега во текот на ноќта.
Комбинацијата на должности, работа, извршување на задачите, помалку сон, неминовно доведува до горенаведените фактори.

Вашето основно ментално здравје

Вашето ментално здравје може да одреди колку часа се чувствувате вознемирени. Покрај тоа, има длабочина на сон, соништа, нивоа на стрес, симптоми на посттрауматски стрес – сето тоа може да игра голема улога во утринската вознемиреност.

Постојат неколку навики што можете да ги применувате на дневна основа за да ви помогне да ја елиминирате вашата анксиозност.

Размислете за успесите, предизвиците и меѓучовечките односи во текот на денот за да видите дали тие влијаат на следното утро.

Друг начин за намалување на анксиозноста е дијафрагмалното дишење. Вдишете четири секунди низ носот, држете четири секунди и издишете преку устата шест секунди.

Променете ја и вечерната рутина.

Еве што можете да пробате:

* Одете на спиење во исто време секој ден
* Не користете електронски уреди најмалку 30 минути пред спиење
* Не размислувајте негативно, не гледајте вести или премногу сериозни емисии, филмови
* Медитирајте

Слични содржини