Од денеска, стартува Зимската служба на Град Скопје, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот.
-Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал.Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.
Коловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.Кризниот штаб, посебно апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни.
Посебно апелираме до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.За расчистување на сервисните улици надлежни се општините.Зимската сезона почнува денеска, 15.11.2021 година, а завршува на 15.03.2022 година, соопштија од Град Скопје.