Кастриот Реџепи денеска уште еднаш кажа дека е пратеник и потпретседател на движењето Беса. Сè додека не се измени неговиот статус, ќе делува така и поради тоа нема да преминува во други партии.
„Со изјава или статус на Фејсбук, ниту се влегува, ниту се излегува од Влада. Органите на партијата кога ќе решат, тогаш партија излегува од коалиција. Ако одлучи Централниот одбор, ќе размислам. Бидејќи тоа не се случи, Беса е уште во владата“, смета Реџепи.
На прашањето од медиумите дали ќе премине од БЕСА во ДУИ, Реџепи одговори: „Не може да одам во ДУИ додека сум член на Движењето БЕСА.Сакам да разговараме за партиски прашања во партиските тела, а не да се прикажувам преку медиумите. Тука сум да произведувам конкретни дела, а не да се занимаваме меѓу себе. Овој чин сакам да го појаснам на партискиот форум“