Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вели дека ЕУ мора да продолжи со политиката на проширување кон Западен Балкан и оценува дека тоа е „најсилниот инструмент на ЕУ“.
-Другиот инструмент што го имаме е Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој мора да се спроведе што е можно поскоро, рече Вархеји.
Пристигнувајќи на состанокот на Советот на ЕУ на кој ќе се разговара за политичкиот ангажман и соработката на ЕУ со Западен Балкан, Вархеји најави дека по изборите во Бугарија и Северна Македонија ќе се направат сите напори за решавање на отворените прашања и формално отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана „до крајот на оваа година“.