301
На 31-ви октомври имавме „Ноќ на вештерките“. Излезе премиерот со полна свест и ни кажа дека дава оставка од двете функции, меѓутоа тоа не се случи, вели претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева за емисијата „Само вистина“.
Според неа, се покажа дека резултатот на опозицијата на терен со одличен резултат, се потврдил и во Собранието.
-Власта не обезбеди 61 пратеник за да остане легитимна. Ситуацијата е пата-пата, но на терен не е така. Власта беше збришана. Многу грешки направи, поради што беше казнета дури и од нејзина страна, потенцира Грчева.