Грчева: Големо внимание му даваме на Каракачанов, тој е маргиналец

од Nikola Popovski

„За каков фолклор станува збор кога и Османи им го честиташе 3-ти март на Санстефанска Бугарија. Ние самите не водиме сметка што зборуваме и што правиме. Не знам на Османи дали му е јасно што значи тој празник“, вели претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева за емисијата „Само вистина“.

Според неа, бугарскиот министер Каракачанов не треба да го пренесуваме.

„Тој е еден маргиналец во политиката и во Бугарија. Си го билда рејтингот, затоа што му е далеку под цензусот. Една искомпромитирана личност, а ние секој ден го објавуваме што направил и што рекол. Сметам дека требаше да направиме една национална стратегија за тоа како ќе се справиме со овој проблем“, смета Грчева.

Слични содржини