Казината и обложувалниците меѓу најдоходовните бизниси: За само една година профитот го зголемиле за над 11 милиони евра 

од Vladimir Zorba

2023 година е добра година за индустријата која се занимава со организација и одржување игри на среќа. Финансиските извештаи објавени на БизнисМрежа покажуваат дека топ 10-те казина лани оствариле профит од 51,2 милиони евра што е за 7,4 милиони евра повеќе од 2022-та кога нивниот профит изнесувал 43,8 милиони евра.

Бројките покажуваат дека во десетте најпрофитабилни во бизнисот лани се Државна видеолотарија, Касинос Аустриа интернационал, АД за приредување игри на среќа, Апекс Мк, Делта Бет, Мастер Бет, Сенатор Македонија, Принцес хотел и казино Гевгелија, Глобал Гаминг и Златна копачка.

Најголема добивка имал Глобал гаминг Скопје. Лани добивката на овие казина, во однос на 2022 се зголемиле за 406 насто а по нив се Мастер бет со зголемена добивка од 192 % и Златна копачка со профит од речиси 170%.

За разлика од нив, удар од речиси 10 % на приходната страна имал само Апекс МК.

Во однос на остварените приходи, меѓу анализираните топ 10 казина, најголеми приходи минатата година има Државна видеолотарија или 90,1 милиони евра .На второ место е Делта Бет со речиси 54 милиони евра а на трето место е Златна копачка со 34 милиони евра.

Најголем раст на приходите , доколку се споредуваат финансиските извештаи во 2023 во однос на 2022, има АД за приредување игри на среќа со раст од над 38 %, а веднаш по нив се Принцес хотел и казино Гевгелија, со раст на приходите од речиси 24 %.

Сумите се во евра

Кај обложувалниците нема значителни промени во редоследот на најдобрите во оваа индустрија. Сите четири субјекти на листата, за една година значително ги зголемиле своите приходи. Па така лидер во 2023 исто како и во 2022 г. е Спорт Лајф Трејд со вкупни приходи од над 85 милиони евра , а на дното на листата топ 4 обложувалници е Бет Ту Мар Скопје со остварени приходи од речиси 25 милиони евра.

Што се однесува на добивката освен Спорт Лаиф и Златна копачка кои регистрирале зголемен профит, Делта Бет има пад од 1,9 милиони евра остварени во 2022 на 510 илјади евра во 2023 г. Бет ту мар лани дури работел и со загуба.

Сумите се во евра

К.В.С.

Слични содржини