Грчева: Не знаеме дали едните се кренале, а другите паднале

од Nikola Popovski

Нашето гласачко тело се приклонува кон победникот, а победник во првиот изборен круг беше ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева во емисијата „Само вистина“.

Таа не се согласува дека членството на СДСМ не излегло да гласаат.

-Овој пат имавме многу независни листи и тие однесоа голем број на гласови, не толку излезноста. Не можеме да разграничиме дали едните се кренале, а другите паднале. Битно е дека разликата е голема, а опозицијата е морален победник на изборите, смета Грчева.

Слични содржини