Шок за Италијанците: Европскиот првак не оди директно на Мундијалот!

од Nikola Popovski
325 прегледи

Италијанските фудбалери не успеаја директно да се пласираат на Светското првенство, бидејќи ремизираа со Северна Ирска (0:0), додека Швајцарија од групата Ц се пласираше на Мундијалот.

Италијанците останаа без победа на гостувањето кај Северна Ирска, која им беше неопходна за директен билет во Катар во 2022 година.

Швајцарија ќе оди понатаму, која на домашен терен ја совлада Бугарија со 4-0, додека актуелниот европски првак ќе мора да игра во баражот. Интересен податок е што Италија најверојатно ќе се најде во групата на носители, што отвора можност да се соочат со македонската фудбалската репрезентација, која синоќа се пласираше за првпат во бараж на едно светско првенство.

Италијанците беа супериорни во текот на целиот натпревар. Имаа 68 проценти посед на топка, седум пати шутнаа во противничкиот гол, но без успех.

Киеза и Емерсон пропуштија одлична шанса во вториот дел, но домашниот голман Пикок-Фарел остана несовладан.

Киксот на европскиот првак го искористи Швајцарија, кој без проблем успеа да се справи со Бугарите.

Во првото полувреме беше 0:0, но потоа гостите ја почувствуваа моќта на домаќините и примија дури четири гола, покрај два поништени.

Стрелци беа Окафор во 48. минута, Варгас во 57. минута, Итен во 72. минута и Фројлер во 91. минута за конечни 4:0.

Слични содржини