Новата бугарска власт со охрабрувачка најава за нов пристап за решение за симнување на ветото кон ЕУ

од Берта Китинска
273 прегледи

Веднаш со Северна Македонија треба да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и со луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја туку за се што може да придонесе за добробитта и за зајакнување на добрососедските односи, кажа вчера , во својата прва изјава  во интервју за БНТ, Кирил Петков копретседател на коалицијата „Промената продолжува” која победи на парламентарните избори во Бугарија.

Петков, зборуваше дека односите со Северна Македонија ќе се сменат најавувајќи  нов пристап.

-Крајно време е да сфатиме дека не е нормално да летам преку Виена за да стасам во Скопје, дека не е нормално да немаме железничка линија која ќе не поврзува, дека не е нормално бугарските бизнисмени да продаваат во Австралија, а не во Македонија. Истото се однесува и за нашите македонски колеги. Треба да почнеме да зборуваме за сите работи од кои може да имаме полза како добри соседи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и да се среќаваат најмалку еднаш месечно, кажа Петков.

Изјавите на новиот кандидат за мандатар на бугарската влада  според министерката за одбрана Радмила Шекеринска се охрабрувачки.

Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели дека ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред, рече министерката .

-Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си.Тие зборови делуваат охрабрувачки, се разбира тоа е сепак само најава. Ние го поддржуваме тој апел за нов дух, за нов тип на дијалог во кој ќе се трудиме не да најдеме мана или причина да го блокираме соседот, туку да најдеме што и едните и другите можеме да извлечеме од поголема соработка.Сакам практични луѓе  и неговиот коментар дека од Софија за да стигнете со авион до Скопје треба да одите преку Виена,е едно кокнретните прашање за кое треба да торшиме повеќе време, кажа Шекеринска.

Слични содржини