НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА: Како да препознаете дали имате настинка или воспаление на синусите?

од Vladimir Zorba
573 прегледи

Иако може да се појават слични симптоми, ова се сосема различни болести. Еве што треба да знаете и како да ги препознаете.

Ако ви тече нос, веројатно имате настинка, но доколку состојбата не ви се подобри, па дури и се чувствувате полошо, се препорачува да одите на преглед на синусите.

Што е настинка?

Настинката е вирусно воспаление на слузокожата на носот и предниот дел на грлото, кое се карактеризира со кивање, чувство на затнат нос и уши, сувост, стегање и блага болка во грлото. Болеста започнува по инкубација од еден до три дена и обично трае околу седум дена, по што доаѓа до целосно закрепнување. Симптоми на настинка се: болки во грлото, течење на носот, кашлица, кивање, главоболка, болки во телото.

Што е синузитис?

Воспалението на синусите значи воспаление и отекување на слузницата на синусите, може да биде бактериско, вирусно, па дури и габично. Најчести симптоми се притисок во главата и главоболка, обилни секрети од носот и зад носот, а при тешко воспаление треска. Ако секретот е обоен, тоа е бактериско воспаление. Доколку има крварење од носот, тоа укажува и на воспаление, а се препорачува и подетален преглед на носната шуплина. Симптомите на синузитис вклучуваат: постназално капнување (непријатно чувство на слуз што се акумулира од носот во грлото, што може да го отежне дишењето), зелен исцедок од носот, чувствителност на лицето под очите или челото, болка во предниот дел на глава, болни заби, кашлица, треска, замор, лош здив.

Како се лекува настинката?

Брз лек нема, но важно е да пиете многу течности и да се одморите. Користете лекови без рецепт, но тие нема да влијаат на текот на болеста, бидејќи настинката е предизвикана од вируси, а не од бактерии, па затоа антибиотиците нема да помогнат. Експертите советуваат употреба на лекови како ибупрофен за треска и болки, но и за затнат нос. Медот е многу добар помошник ако имате кашлица. Ќе помогнат и спрејовите за нос, но и топла пилешка супа која ќе ве стопли.

Како се лекува синузитисот?

Синузитисот често ќе помине сам по себе, велат експертите, но доколку вашата инфекција не исчезне и е предизвикана од бактерии, можеби ќе ви требаат антибиотици. Сепак, експертите велат дека треба да бидеме внимателни при употребата на антибиотици и да им ги препорачуваме само на луѓето кои се борат со симптомите повеќе од 7 или 10 дена. Тие исто така ве советуваат да ги испробате следните работи за да ја олесните состојбата: користете спреј за нос неколку дена, земајте антихистаминици (лекови кои помагаат при алергии) и исплакнете ја носната шуплина со мешавина од сол и вода.

Слични содржини