Барса продава еден од своите најдобри играчи?

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Минатата сезона во Барселона имаше тројца недопирливи играчи. Лионел Меси секако беше прв. Голманот Марк Андре тер Штеген беше втор, а трет беше холандскиот играч од средниот ред Френки де Јонг.

Сега шпанските медиуми тврдат дека Барселона би можела да го продаде Де Јонг. Новиот тренер Чави ќе игра во формација 4-3-3, а се чини дека Де Јонг веќе нема сигурно место во топ 11 покрај Серхио Бускетс, Педри и Гави.

„Барселона е воодушевена од неговиот професионализам уште од неговото доаѓање. Тој е еден од фудбалерите кои одлично ги подготвуваат натпреварите, а потоа ги анализира за да учи од грешките. Сепак, тој сега би можел да стане играч на кој Барселона би можела да заработи милиони. Поради од финансиската состојба летово, Барселона мораше да се откаже од неколку играчи, а каталонскиот клуб веројатно го чека истото и следното лето“, пишува Спорт.

Барселона за Де Јонг плати повеќе од 80 милиони евра и има договор со холандскиот играч за врска до 2026 година.

„За Де Јонг има клубови кои се подготвени да платат многу. Тој исто така го знае тоа, а го знаат и во Барселона. Конкретно, има два клуба кои би платиле големи пари“, пишуваат Каталонците.

Де Јонг, 24-годишен Холанѓанец, е во Барселона од јули 2019 година. Каталонците веруваат дека можат да добијат околу 100 милиони евра за него.

Слични содржини