Играчот од средниот ред на Барселона ја заврши сезоната

од Симе Стоиков

Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид, соопшти каталонскиот клуб.

Барселона објави дека прегледите потврдиле дека Де Јонг го повредил десниот зглоб за време на „Ел Класико“ кое клубот го загуби со 2:3, без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.

Според тамошните медиуми, се проценува дека тоа ќе биде пет недели, па сезоната на Де Јонг со Барселона заврши.

Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.

Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.

Слични содржини