Димитриевски бара да се пренаменат средствата за новогодишното украсување на Куманово

од Nikola Popovski
343 прегледи

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ќе побара од Советот да ги пренамени средствата за новогодишно украсување за реализација на енергетско-ефикасен проект, соопштија денеска од општина Куманово.

„Оваа година поради енергетската криза, на првата седница на Советот веднаш по конститутивната седница ќе дадам предлог до Советот да донесе одлука финансиските средства кои се наменети за украсување на градот Куманово во износ од околу 2 и пол милиони денари да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект за имплементација на проект фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општина Куманово. Со ова, ќе се намали потрошувачка на електрична енергија и дополнително ќе се даде придонес во контекст на енергетската криза којашто се најавува“, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Претходно истото го стори и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој парите за новогодишното украсување ги пренамени во Центарот за аутизам.

Слични содржини