Османи-Вархеји: Приоритет е да се одблокира патот на Македонија кон ЕУ

од Nikola Popovski
213 прегледи

Денес македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи имаше средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, за време на работната посета на Брисел. Според Османи, фокусот на средбата бил на европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи како и очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза од нашиот евро – интегративен процес.

-За време на средбата стана збор и за последните внатрешно-политички случувања во земјата, но и за напорите во надминувањето на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, како приоритет да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Охрабрува фактот дека Европската комисија работи на обнова на европскиот моментум во регионот, но и на имплементација на Економско инвестицискиот план што претставува силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, унапредена регионална соработка и засилени конекции со ЕУ, информира Османи.

-Утрово разговаравме со господинот Бујар Османи за процесот на Северна Македонија на патот кон пристапување во ЕУ, објави Вархеји на својот Твитер профил.

Слични содржини