Хоџа: Не е можно уште да бидеме дел од Владата, кога се заложивме за нејзино уривање

од Nikola Popovski
407 прегледи

Како е можно да бидеме дел од Владата, кога пратеници на Беса преземаа чекор за нејзино уривање. Го повикувам премиерот Заев итно да ги депонира нивните оставки и Собранието да ги утврди што е можно поскоро, вели генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа во изјава за ТВ 21, откако пратеникот Кастриот Реџепи синоќа изјави дека неговата, веќе поранешна партија,сѐ уште е дел од Владата.

Хоџа потврди дека двајца пратеници биле на седницата за интерпелација на Владата.

-Јас и двајца зм.министри ги депониравме оставките. Премиерот треба да ги депонира во Собрание и да видиме точно дали сме или не дел од Владата, објасни Хоџа.

Премиерот Зоран Заев денес потврди дека партијата БЕСА се уште е дел од Владата.

Слични содржини