Големото дерби заврши без голови, Аргентина патува на Мундијалот

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Во едно од најголемите фудбалски дербија во светот, во рамките на квалификациите за Светското првенство, Аргентина беше домаќин на Бразил.

По 90 минути беше 0:0 и тоа беше доволно за „гаучосите“ да се пласираат на Светското првенство со Бразилците.

Дека фудбалот дефинитивно не е како некогаш, потврда е дека и една таква пресметка заврши без голови, а уште попоразително звучи што на натпреварот беа забележани 42 фаули!

Со идентичен резултат заврши очајниот натпревар меѓу Колумбија и Парагвај, а на крајот беа постигнати два гола на натпреварот помеѓу Чиле и Еквадор, на кој гостите славеа со 2:0.

На табелата води Бразил со 35 бодови, Аргентина има 29, Еквадор 23, Колумбија и Перу по 17, Чиле и Уругвај по 16, а потоа следат Боливија 15, Парагвај 13 и Венецуела седум.

Четирите првопласирани одат директно на СП, додека петтиот го чека баражот.

Слични содржини