332
Својот мандатот го добива по гласање на Собранието и на предлог на мандатарот и додека е тоа така ќе ги извршува дневните активности во МОН и задачите за почнатите реформи што ќе ги подобрат образованието и науката, вели Министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарското прашање дали смета дека ќе биде дел од реконструкцијата на Владата.
-Сѐ додека е така продолжувам да ги остварувам задачите што првенствено ми се дадени од граѓаните и остануваме во таа насока. Доколку има предлог од мандатарот, тој сигурно носи одлуки во интерес на граѓаните, и согласно со реализираните резултати дека тоа ќе биде прифатено, рече Царовска.