Не знам кога, но знам сигурно дека Владата ќе заминеНародот ќе одлучи кога, на предвремени парламентарни избори кои што треба да се случат час поскоро,порача денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Апелирам час поскоро власта да се соземе и да разбере дека се поразени и заедно да организираме брзи предвремени избори и да дојде народна влада која што ќе биде избрана од народот на Македонија и ќе работи за нивните интереси, вистинска професионална влада – рече Мицкоски.
Тој вели дека се срами ос ситуацијата која настана на денот кога требаше да се гласа доверба на Влада.
-Јас се срамам што такви луѓе опстојуваат на политичката сцена. Тоа не беше успех. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде. Што не ги пуштија нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници, рече Мицкоски.