Дани Алвеш беше претставен како засилување за Барселона, за која ќе настапува на 38 години.
Бразилскиот ветеран дојде да и помогне на Барса, потпиша договор до крајот на сезоната, а на Чави ќе му биде на располагање од јануари 2022 година.
Inked! @DaniAlvesD2 pic.twitter.com/jpK9GYktsI
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2021
Тој ја напушти Барса во 2016 година, по ерата на успеси, сега клубот се претставува слабо и потребно е да се врати на старите патеки на славата.
За промоцијата избра необичен стајлинг, дојде во апостолки од кои подоцна се ослободи и бос стапна на теренот.
Dani Alves knows how to 'go out there and have fun' pic.twitter.com/wRGd9r24UK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2021
Со тоа тој симболично сакаше да покаже колку го сака тревникот на Камп Ноу и дека сака повторно да го почувствува тоа.
На крајот ја помириса тревата.
Dani, what's that smell? pic.twitter.com/BUgEHGEK6M
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2021
„Мириса на „Камп Ноу“, мириса на титули, мириса на Купови“, изјави Алвеш, сакајќи да го врати оптимизмот кај навивачите.