Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Германија треба да го запре гасоводот „Северен тек 2“, кој оди од Русија во Европа, доколку сака да работи во корист на мирот.
Проектот за гасоводот тој го поврза со мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија, а Моравјецки во интервју за „Билд“ додаде дека се плаши од ескалација на ситуацијата на границата, каде што се „заглавени“ неколку илјади мигранти “, објави Ројтерс.
„Ние ја браниме границата на Европската унија во Полска. Ако ја погледнеме пошироката слика, да работиме за мир и да не му даваме на Владимир Путин дополнителни пари преку плаќања за енергија, кои можат да продолжат да се надградуваат“, рече Моравјецки.
Тој вели дека тоа значи дека гасоводот „Северен тек 2“ од Русија мора да биде прекинат.
Полска и Украина силно се спротивставија на „Северен тек 2“, кој оди од Русија до Германија, оценувајќи дека ја зголемува зависноста на Европа од Русија.