Пипен: Не Џордан, Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар во историјата

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Скоти Пипен, поранешен член на големата и славна генерација на Чикаго Булс од 1990-тите, неодамна објави мемоари во кои открива дека неговото мислење за Мајкл Џордан, за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, значително се разликува од она што и беше сервирано на јавноста додека заедно ги водеа Булс до шест титули во НБА.

Напишаното открива многу детали за несогласувањата на двата славни Бикови, а Пипен веќе воопшто не се обидува да го сокрие тоа. Тој го критикуваше Џордан за документарниот филм „Последниот танц“, јавно го прекори дека земал 10 милиони долари за него, додека останатите биле неплатени, и споделува критика по критика.

Тој истакна, на пример, дека „Мајкл Џордан никогаш немаше да биде Мајкл Џордан да не бев јас, Хорас Грант, Тони Кукоч, Џон Паксон, Стив Кер, Денис Родман, Бил Картрајт, Рон Харпер, Би Џеј Армстронг, Лук Лонгли, Вил Пердју и Бил Венингтон“.

Тој ја исмејуваше митската игра на Џордан од петтиот натпревар од финалето на НБА во 1997 година против Јута Џез, прославен и познат во светот како „flu game“ и истакна дека Булс не освоиле шест титули поради односот на Џордан кон тимот. Сега отиде чекор понатаму со тврдењето дека Џордан всушност ја уништил кошарката.

„Можам да одам толку далеку што да кажам дека Мајк ја уништи кошарката. На терените во 80-тите топката кружеше, таа беше додавана за да му помогне на тимот. Тоа престана во 90-тите. Децата сакаа да бидат како Мајк. А Мајк не сакаше да додава, не сакаше да скока или да ги брани најдобрите играчи. Сакаше сите да го прават тоа наместо него“, рече Пипен, додавајќи:

„Затоа секогаш мислев дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар што некогаш кошарката го видела – тој прави се и ја отелотворува играта онаква како што треба да биде“.

Слични содржини