Се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме уште во декември да почнат преговорите, тоа е нашето барање. Тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во ЕУ и тоа интензивно, рече австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Линхарт, на заедничката прес конференција со неговиот македонски колега, Бујар Османи, во Скопје.
Османи на заедничка прес конференција рече дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на земјава и додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ.
-Зборувавме за декември, како еден добар прозорец за можноста и потребата за концентрирање на целокупната домашна, регионална и европска енергија во правец на искористување на оваа можност којашто е многу важна, не само за нашата приказна, туку за кредибилитетот на европската иднина, рече Османи.