Османи: Следната недела ќе се официјализира новото мнозинство

од Берта Китинска
257 прегледи

Новото стабилно мнозинство е апсолутно неспорно и тоа ќе се случи наредните недели. Патот до тоа ново мнозинство е алтернативи, има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат тие разговори и преговори за постигнување на тоа мнозинство. Ќе повторам, многу е важно дека рационалните политички сили, па и пратеници одлучија во овој момент државата да не ја претворат во дел од проблемот, туку во дел од решението на нашата европска перспектива. Очекуваме да завршат тие разговори и верувам дека наредната недела веќе ќе имаме стабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој нагласи дека бројката од повеќе од 60 пратеници е и вистинска и реална, а како ќе се реализира мнозинство, за тоа се разговара и договара со сите политички партии.

– Наредните денови тој мозаик на парламентарното мнозинство, ќе се реализира и ќе се надминат сите проблеми и предизвици, нагласи Османи, додавајќи дека прашањата за министерските позиции  се секундарни и ќе следат по дефинирање на мнозинството.

Во однос на начинот како до мнозинството, тој повтори дека „има некои опции“.

– Подобро да ги завршиме овие преговори, кои се присутни овие денови со лидерите на коалицијата и со премиерот Заев и Ахмети и со другите можни партнери. Би било добро тие што ќе бидат дел од новата влада или новото мнозинство да бидат тие што ќе го кажат мотивот зошто сакаат да бидат дел од ова мнозинство што гарантира стабилност и европска иднина за државата, истакна Османи.