Вечерва на скопскиот аеродром допатува полскиот претседател, Анджеј Дуда, кој ќе биде во дводневна посета на Скопје. Тој беше пречекан од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Оваа посета преставува потврда на традиционалното пријателство меѓу Македонија и Полска, кое неодамна е засилено и со нашето сојузништво во НАТО. Особено ја цениме искрената поддршка за европската интеграција на нашата земја, преку кои го засилуваме нашите пријателски врски, истакна министерот.
Дуда ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот. Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас”.