Убеден сум дека нашите пријатели и сојузници во Брисел, во периодот кој што следи до 14-ти декември, ќе ги вразумат бугарските власти дека Македонија е подготвена за почнување на преговори со ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, понатака во текот на преговорите, можеме да разговараме со Бугарија за решавање на спорот.
-Тој кој што варира во овие 52 месеци е актуелната влада и дополнително создава проблеми на меѓународен план, додава Мицкоски.
Во однос на Преспанскиот договор, лидерот на најголемата опозициска партија вели дека не е среќен поради него.
-Ако ме прашате дали ќе ја употребувам новата придавка, ќе ви кажам дека нема. Ако ме прашате дали тоа е прекршување на Договорот, не е, бидејќи во колоквијална употреба како сакам ќе си ја викам мојата земја, а тоа е Република Македонија, потенцира Мицкоски.