Откако во медиумите беше објавено во Театар Комедија, влегла вонредна инспекциска контрола, поради наводен мобинг врз вработените, ја контактиравме директорката Нора Шаќири – Марковиќ.
Таа на прашањето на „Локално“ да даде коментар за ситуацијата во нејзиниот театар, кратко изјави дека нема одговор на прашањето и ја „префрли топката“ на колективот.
– Најдобро е да го прашате колективот дали им е вршен мобинг. Не знам каде да ве упатам за да се јавите. Во институцијата никој од вработените нема поднесено пријава против мене, така да не знам што да ви кажам, ни одговори директорката.
Таа додадека дека „не знае со што е поткрепена ваквата објава“.
-Во време кога театарот работи под полна пареа, со вратен долг дава премиери, работи и гостува на фестивали, не знам дека тоа е мобинг, вели Шаќири за „Локално“.
Н.П.