Османи: Aко кредибилитетот на ЕУ пропадне, ќе пропадне поради случајот со Северна Македонија

од Берта Китинска
192 прегледи

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, за време на работната посета на Брисел во интервју за „Агенција Европа” изјави дека отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија ќе и овозможи на ЕУ да го задржи својот кредибилитет во регионот, кој во моментов е под притисок.

Во однос на шансите за одржување на првата меѓувладина конференција во декември, Османи рече дека „по конструктивниот ангажман што го покажавме во овој период, а исто така размислувајќи за последиците по кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, Бугарија ќе го тргне ветото и би можеле да го започнеме овој долг процес за членство во ЕУ, што е еден од нај контролираните процеси”.

На прашањето дали мисли дека ЕУ го изгуби кредибилитетот во вашата земја и во регионот, Османи вели:

„Мислам дека е во процес на губење. А лакмусов тест за тоа е досието на Северна Македонија. Северна Македонија ги исполни сите можни критериуми, па дури и отиде подалеку, а ова досие не беше признаено и наградено. Значи, во очите на граѓаните од регионот, ако не ни функционираше, зошто би им успеало на нив?
Затоа, ако кредибилитетот на ЕУ пропадне, ќе пропадне поради случајот со Северна Македонија.
Второ, додека европската идеја е победничка и добитнички билет за време на изборите во регионот е добро, во моментот кога ќе почне да ја губи силата како добитен тикет, тогаш ќе имаме националистичка реторика и ќе управуваме со кризи наместо да управуваме со иднината и европската иднина на регионот.
Враќањето на овој кредибилитет бара да им се дозволи на Албанија и Северна Македонија да започнат пристапни преговори. Ова е најевтината инвестиција што ЕУ може да ја направи за да го задржи овој регион да напредува на вистинскиот пат“.