338
Од Национален парк Маврово споделија фотографија од балкански рис на својот фејсбук профил.
„Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, е наведено на објавата на нивната страна.
Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија.
Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија.