Османи: Се претера со одложувањето на преговорите, не сакаме да ги подигаме очекувањата за да не ги фрустрираме граѓаните

од Берта Китинска
184 прегледи

Не сме врзани со датумот колку со потребата Бугарија да го повлече ветото, а за тоа треба да престои период на разговори со цел да се надминат прашањата коишто се предвидени во пакетот од пет точки, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“.

-Од понеделник ќе имаме избран претседател, ќе имаме Собрание… слушам на 24-ти ќе се конституира, значи ќе имаме две институции коишто ќе бидат со ‘фул’ мандат“, вели Османи.

Тој вели дека не сакам да ги подигаме очекувањата за стартот на преговорите за да не ги фрустрира граѓаните.

-Не сакаме да ги подигаме очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција (МВК) со Европската Унија, но инстистирањата на 14 декември да се одржи првата МВК е наш инструмент за притисок кон земјите членки, вели шефот на дипломатијата.Ние ги разбираме граѓаните и јас секогаш велам дека не сакам да ги подигаме очекувањата за да не ги фрустрираме граѓаните, но и тие треба да не сфатат дека тоа ни е инструмент за да ја продолжиме тензијата. Ако јас се откажам уште од сега за декември, ние ќе почнеме да планираме веќе друг датум и ќе се разводни фокусот. Сакаме да го држиме фокусот, кажа Османи.